Парите што државата ги додели преку економските пакети, не му помогна директно на секторите за гастрономија и хотелиерство. Сопствениците одиграа улога на посредници меѓу државата и вработените за субвенционирање на платите, но тоа ним не им помогна директно иако и тие се погодени од кризата што ја предизвика пандемијата.
„Јас мислам дека не беше доволно бидејќи помошта е дадена само за вработените, а сега јас како бизнис, сопственик или менаџер, немав помош. Да, тргнаа една грижа што ни ги покрија работниците со плата меѓутоа јас како сопственик или како бизнис, од кој зависам, бидејќи немам и други бизниси, останав ни ваму ни таму“, вели Јетон Синани, сопственик на локал.
Претседателот на Независната комора на угостители, Здравко Јосифовски, тврди дека од сите пари што државата ги доделила до сега, ниедна мерка не била само за хотелиерството и туризмот, со исклучок на четвртиот пакет кој се очекува да се спроведе.
Од Владата велат дека на почетокот на пандемијата имало две мерки кои се однесувале на кредитни бескаматни линии, околу 13 милиони евра, а според анализите околу 50% од овие мерки отишле директно во секторот за туризам и хотелиерство.
„Имавме околу 70 милиони евра потрошени за поддршка на бизнисот, за зачувување на работните места. Тешко е да се каже колку отишле во секторот за туризам, но претпоставуваме, бидејќи бројките се приближни, околу 20% од ова отишле во секторот за туризам. Ако погледнеме во целина, економските мерки или финансиските средства кои се наменети за о вој сектор, одат 10% од тоталната сума од различни мерки“, соопштија од Владата.
Од Владата велат дека исто така се како проблем што се појавил при доделување на субвенциите за компании било тоа што бизнисите и вработените во нив не фигурираат во државниот систем, значи во неформалната економија оневозможувајќи и на државата да им помогне било на вработените во рестораните, хотелите, кафулињата но и на самите компании. Неофицијално, во Македонија има регистрирано околу 6500 локали и ресторани. Во нив работат околу 35 илјади редовно вработени и над 20 илјади сезонски.
