Шест лица загинаа во пукање во дом за згрижување млади во центарот на градот Штаде, во германската сојузна покраина Долна Саксонија, пренесоа денеска германските медиуми. Пет од жртвите починале на местото на нападот, додека едно лице им подлегнало на тешките повреди во болница, јавува „Билд“.
Полицијата соопшти дека сите жртви се наоѓале во зградата на домот за згрижување млади. На местото на настанот загинале четири жени и еден маж, едно лице им подлегнало на повредите за време на обидите за реанимација, а шестата жртва починала во болница.
Полицијата го уапси главниот осомничен за нападот, кој, според германските медиуми, е маж. Приведени се уште две лица, меѓу кои и една жена, кои моментално се на полициско испрашување, но нивната поврзаност со нападот засега не е утврдена.
