Германската влада објави мерки за штедење и покрај рекордните инвестиции во инфраструктура и војската

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот германски министер за финансии Ларс Клингбаил интензивно ги планира федералните буџети за 2025 и 2026 година и најавува штедење и покрај претходно најавените рекордни инвестиции во инфраструктура и војска.

Документот што го виде Ројтерс наведува два клучни предизвици за германските финансии, имено безбедноста и слабиот економски раст.

Според документот, клучните приоритети на новото министерство се инвестиции во модернизација на земјата, структурни реформи што би ги олесниле економијата и граѓаните, како и консолидација на буџетот.