Германските конзервативци со денешниот митинг во Берлин влегоа во последната фаза од кампањата за парламентарни избори во септември, од кој повикаа на збивање на редовите и на борба против ривалските социјалдемократи и Зелените.
-Со оглед на се послабите резултати во анкетите на јавното мислење, прашањето повеќе не е со кого ќе формираме влада, туку дали воопшто ќе бидеме во влада по изборите, предупреди претседателот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зодер на митингот во Берлин.
Тој додаде дека ЦДУ / ЦСУ се уште може да го променат односот на силите и да ја врати силната лидерска позиција.
-Воопшто не ми е гајле од одење во опозиција, рече Зодер, инаку премиер на Баварија.
Зодер на митингот ги нападна и актуелниот коалициски партнер Социјалдемократската партија, но и Зелените, на кои, како што кажа, им недостасуваат јавни насоки и отворено го поддржа кандидатот за канцелар на Унијата, Армин Лашет.
-Во сериозни времиња ни треба јасно водство и одлучно лидерство. А, тоа не можат да го обезбедат ниту Олаф Шолц (СПД), ниту Аналена Баербок (Зелените). Ова е можно само со Унијата и Армин Лашет на чело, рече Зодер, кој во последните неколку недели, особено по одлуката улогата на кандидат за канцелар на Унијата да ја преземе Лашет, а не тој, во неколку наврати го критукуваше Лашет и неговиот политички стил на делување.
И актуелната германска канцеларка и поранешна претседателка на Христијанско -демократската унија (ЦДУ), Ангела Меркел, денеска Лашет го посочи како „иден премиер”.
-Во 72 години на Сојузна Република Германија, повеќе од 50 години на чело на владата стоеше канцелар од Унијата. Така ќе биде и во следните четири години, рече Меркел, која се повлекува од политиката кон крајот на септември.
Лашет рече дека неговата главна цел е да ги спречи „левичарските идеолози” да ја преземат власта во Германија.
-Ќе се борам со се што имам на располагање за да не владеат идеолози со оваа земја, рече Лашет.
Тој оцени дека коалициската влада на СПД, Зелените и Левицата ќе биде особено опасна за закрепнување на економијата по пандемијата.
Последните анкети за јавното мислење покажуваат пад на популарноста на Унијата ЦДУ / ЦСУ со нагло зголемување на поддршката за СПД и социјалдемократскиот кандидат Олаф Шолц.
