Гласаат Центар Жупа и Маврово и Ростуше – обиди да се исполни прагот и да се избере градоначалник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во општина Центар Жупа избори за градоначалник се одржуваат по вторпат, а во Маврово и Ростуше по третпат. На редовните локални избори овие две општини не успеаја да го исполнат изборниот праг за да добијат градоначалник.  

Причина за неисполнување на прагот во Центар Жупа е иселувањето на населението. Над 60% од жителите живеат во странство, главно во Италија. Се очекува, сега поради присуството на иселениците да се постигне потребниот праг од 2.385 избирачи.

Оваа општина брои 7.154 запишани гласачи, а во трката има само еден кандидат за градоначалник.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, водејќи се по излезноста на гласање, се надева дека овојпат овие општини ќе успеат да изберат градоначалник.

Даштевски информира дека во трите градови во кои се гласа, гласачкиот процес пoминал  без проблеми.

Во Маврово и Ростуше во изборна трка се двајца кандидати, а општината брои 9.948 запишани избирачи. Неофицијалните прелиминарни резултати се очекува да бидат објавени набргу по затворањето на гласачките места поради малиот обем на гласови што треба да се обработат.