Гласаш, па се дезинфицираш, Франција спроведува избори – „Ќе поминеме преку коронавирусот“, вели Макрон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со строги санитарни мерки на гласачките места, во Франција  денес се одржa првиот круг од локалните избори. Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека изборите ќе се одржат, но ги повика граѓаните и службениците на избирачките места да ги почитуваат санитарните мерки со цел да се спречи ширењето на корона вирусот во земјата.

На многу избирачки места, санитарните подготовки започнаа уште во петокот, јавуваат француските медиуми. Општините обезбедиле одредени количества на средства за дезинфекција. Пред да се отворат гласачките места, просториите, гласачките кутии, столови и маси биле дезинфицирани.

Гласачите на влезот добиваат влажни марамчиња за дезинфекција, а на нивно располагање имаат и гелови и асепсол. Многу општини имаат обезбедено нови пенкала, кои ќе се чистат по секоја употреба.

Повеќе од 47 милиони гласачи треба да изберат повеќе од 500.000 општински советници, кои потоа би избрале свои градоначалници и претседатели на општини. Вториот круг од изборите е закажан за 22 март.