Главната сестра на Инфективна во Скопје поднела барање за оставка!?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Главната сестра на Инфективната клиника во Скопје, Зорица Љубичиќ Митиќ поднела барање за отказ до Управата на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби, објавија дел од медиумите.

Во своето барање, Митиќ вели дека постојат голем број на причини, но една која е наведена е непочитувањето и како што вели деградирањето на профилот медицинска сестра како најважната алка во медицинскиот тим.

„Барам да ми го прифатите отказот од работа со претходна најава од месец дена во кој ќе го искористам годишниот одмор од 2019 и 2020 година“, пишува во барањето кое го управата го доставиле главната сестра на Инфективната клиника во Скопје.

Покрај Митиќ, барање за оставка понедели и други две медицински сестри.

ТВ21 се обиде да стапи во контакт со медицинските сестри, како и директорката на Инфективна клиника. Одговор не добивме.