Гломазен владин кабинет – Македонија во регионот со најголем број министерства

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првиот чекор на идната, се уште неформирана Влада, што го направи е со законот за реорганизација на државната управа е да го зголеми бројот на министерствата. Па така од досегашните 16 министерствата таа во иднина ќе брои 20. Овој потег секако не е во согласност со залагањата на претседателката Гордана Силјановска Давкова, која уште претходно тврдеше дека ќе се залага за намалување на министерствата. Како сега Силјановска ќе постапи кога на потпис ќе и дојде указот за законот што го предложи мандатарот Христијан Мицкоски. Испративме прашање до Кабинетот на Силјановска од каде одговорија дека претседателката има должност да го потпише законот.

„Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот“, велат од Кабинетот на Силјановска Давкова..

И претседателот на СДСМ во оставка и актуелен пратеник Димитар Ковачевски ноќта кога се носеше законот за реорганизација на државната управа, го критикуваше зголемувањето на бројот на министерствата, кое како што рече ќе има значителни буџетски импликации.

„Предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беше намалување на бројот на министерствата а сега имаме предлог за нивно зголемување. Со создавањето на 4 нови министерства буџетирањето го прави посложено, го прави помалку прецизно и го базира на повеќе погрешни естимации“, вели Димитар Ковачевски .

Со ова Македонија со 20 министерства и дополнително и вицепремиери, станува држава која има Влада со една од најбројните министерства. Помалку од нас имаат и многу држави од регионот. Па така далеку поразвиената Словенија има 16 министерства и 4 вицепремиер (https://www.gov.si/drzavni-organi/ministrstva/  , додека Хрватска пак има 11 министерства и 7 вицепремиери (https://vlada.gov.hr/clanovi-vlade/66 . И соседна Албанија има помалку министерства од нас и нивниот број е 16 министерства и еден вицепремиер.