Рафман Иљази 4 години талка по вратите на обвинителството и судовите во потрага по правда.
Во јули 2019 година, неговиот 17-годишен син беше киднапиран, поради како што вели, од банални причини. Неговиот син бил заложник во куќата на киднаперот се до моментот кога интервенирала полицијата.
Од тогаш до денес Иљази талка по вратите на кичевското обвинителство барајќи да се казни киднаперот.
„Пред четири години се случи киднапирање на 17-годишно момче, но овде не се преземаат мерки од надлежните, тие ги чуваат случаите со години и не ги спроведуваат како што треба. , тука нема правда“, рече Иљази.
Случајот се случил поради двајца млади кои биле вљубени . Ова ги доведе двете семејства во неволја. Киднаперот за кој зборува Иљази, не го киднапирал момчето кое било во врска со неговата ќерка, туку неговиот брат.
„Случајот се случи поради семејно прашање како секој млад човек што се заљубува и тогаш се појавија овие проблеми. Го киднапирал момчето но не тој кој бил заљубен во ќерка му, туку го киднапирал другиот син, момчето го држеле во неговата куќа додека не интервенирала полицијата“, вели Иљази.
Тој неколку пати одел во Обвинителствтоо за да добие информации за предметниот случај, но одговорот што го добива е дека случајот е во тек.
„Дури и на суд бев присутен сам, само се обидуваат да те тргнат од вратата, а резултати нема“, изјави Иљази.
ТВ21 го праша Обвинителството до каде е случајот, но единствениот одговор беше дека се работи на расветлување на случајот.
„Предметот за кој покажувате интерес е во фаза на истражна постапка. Надлежен јавен обвинител интензивно презема истражни дејствија за обезбедување докази. По комплетирање на постапката и обезбедување на сите потребни докази, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од ЈО Кичево.
За ова прашање Рафман Иљази ја известил и канцеларијата на Народниот правобранител во Кичево од каде од Обвинителство го добиле истиот одговор дека се работи на собирање материјални докази. Од канцеларијата на Народниот правобранител ќе достават жалба и до Советот на обвинители за разгледување на случајот кој веќе 4 години е заглавен во фиоките на кичевското Обвинителство.
