Ѓоковиќ: Благодарен сум што судијата донесе пресуда да ми ја врати визата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ на својот Фејсбук профил објави дека судијата одлучил да му ја врати визата за престој во Австралија.

„Благодарен сум што судијата одлучи да ми ја врати визата за престој во Австралија. И покрај се што се случи минатата недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тенисот. Овде патував за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата и дефинитивно мојот најуспешен. Во моментов можам да напишам толку многу и секако огромно БЛАГОДАРАМ до сите ширум светот кои ми дадоа поддршка и сила и ме охрабрија да останам присебен и јак“, напиша Ѓоковиќ