Универзитетот „Мајка Тереза“ ги отвори вратите за новите студенти.
Првиот уписен рок започна, а досега се пријавиле 800 студенти на различни насоки. Остануваат уште 600 слободни места.
Ректорот на универзитетот, Беким Фетаи, за ТВ21 изјави дека најголем интерес има на Факултетот за општествени науки, конкретно за насоките психологија и јавна администрација.
-На економскиот факултет, исто така, веднаш следи голем интерес за повеќе насоки, меѓу кои царина и шпедиција, и многу други економски насоки. Потоа следуваат информатика, компјутерски науки и компјутерско инженерство, вели Беким Фетаи, ректор на УНТ.
Бидејќи учениците од средните училишта често не ги познаваат добро своите способности, Фетаи изјави дека се развива софтвер кој преку прашалник ќе препорачува 3 насоки.
–Исто така, информации од пазарот на трудот, овие вештини кои ќе бидат дефинирани во септември од страна на нашите дипломирани студенти и работните групи од факултетите – кои се тие работни места што најмногу се препорачуваат, и кои се техничките и меките вештини. Ќе ги поделиме во две категории и врз основа на тие вештини ќе бидат вметнати во софтверите, така што секој според прашалникот ќе добие препорака кои 3 насоки му одговараат за да ги продолжи студиите, вели Беким Фетаи, ректор на УНТ.
Вториот уписен рок на овој универзитет ќе се одржи од 9 до 11 септември, а третиот од 19 до 22 септември.
Во однос на плаќањето на семестарот, целиот процес може да се заврши во кругот на кампусот.
