Автомобилските производители објавија податоци, кои кажуваат дека е забележан голем пад на продажбата на нови автомобили во речиси сите земји.
На американскиот пазар продадени се 50% помалку нови возила, за разлика од лани овој период. Ако во САД нешто и се тргувало, во Индија целосно застанала продажбата на нови автомобили.
Со оглед дека дел од производители на автомобили состојбата ја соопштуваат квартално, само неколку компании ги објавија податоците за април месец, во споредба со истиот период минатата година.
Мазда објави дека продажбата во САД претрпела пад за дури 44.5%, и дека се испорачани само 10.940 автомобили во споредба со истиот месец минатата година.
Субару доживеала пад од 47%, а Хјундаи 39%. И вториот корејски произведувач КИА објави за пад од 38% во април.
