Голем пожар во индустриската зона во Нови Сад, жителите добиле порака да не излегуваат од дома

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар ноќеска избувна во фабриката „Новкабел“ во индустриската зона во српскиот град Нови Сад. Во инцидентот нема повредени, а причинета е материјална штета.

Утрово од зградата и натмау излегувал дим, а пожарникарите веќе го имаа ставено под контрола.

Покрената е истрага веднаш да се најде што го предизвикал пожарот.

Кога избувнал пожарот синоќа околу 22 часот, интервенирале пожарникарите од Нови Сад и од целиот Јужнобачки округ, кои го изгаснале пожарот со помош на противпожарни и комунални возила. На терен биле и пожарникари од НИС.

Наводно се слушнале и детонации.

За прв пат откако е воспоставен системот за предупредување за мобилни телефони, жителите на Нови Сад добија СМС предупредување да не ги напуштаат своите домови.

ФОТО: Архива