Голем протест во Нови Сад по повод трагедијата на железничката станица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска од 18 часот во Нови Сад се одржува голем протест по повод катастрофата која се случи во петок, кога бетонската настрешница пред железничката станица се сруши и уби 14 лица. Три лица во тешка состојба и натаму се во болница.

Утрово министерот за транспорт и градежништво Горан Весиќ официјално поднесе оставка, која ја најави синоќа.

Во несреќата загина и македонскиот државјанин Васко Саздовски, научник од Свети Николе кој во петокот тргнал на пат кон дома.