Голем скандал во Рим: Ѓоковиќ погоден со шише во глава, му се укажува лекарска помош (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, доживеа непријатност при напуштањето на теренот во Рим. Откако го совлада својот противник Корентан Муте со 2-0 во второто коло на Мастерсот во италијанскиот главен град, додека го напушташе теренот и се потпишуваше на фанови, едно шише го погоди во главата.

Србинот веднаш легна на земја, а подоцна беше однесен во медицинска соба каде што му е укажана лекарска помош.

Поради овој инцидент, откажана е прес-конференцијата која требаше да се одржи после мечот.