Повеќе од 60 лица денеска се уапсени во Хрватска во голема полициска акција на Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал спроведена низ целата земја. Сите лица се осомничени за затајување данок и коруптивни дела.
Според хрватските медиуми, организаторите на криминалната група барале заинтересирани сопственици на фирми да им издаваат лажни фактури, кои потоа ги користеле да им ги намалат даночните обврски.
Акцијаа за апсење е спроведена во повеќе жупании, а УСКОК по распит на осомничените ќе донесе одлука за понатамошно постапување во случајот.
