Во голема полициска акција која се уште е во тек уапсени се над 10 лица за фалсификување на патни исправи и лични документи, дознава ТВ21.
Според наши информации, станува збор за полииски службеници кои биле вработени во управите за издавање на лични документи и патни исправи.
Акцијата на МВР е се уште во тек.
Според истите извори вчерашниот брифинг од политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое наведе дека премиерот Зоран Заев и министерот за внатешни работи Оливер Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи.
Според опозициската партија полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија“ за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер.
