Италијанската полиција соопшти дека на пристаниште на југот од земјата, пронашла 932 килограми чист кокаин сокриен во контејнер со смзнати школки од Чиле.
Вредноста на заплената на црниот пазар се проценува на „околу 186 милиони евра“, додаде полицијата.
Како што се прецизира, дрогата била спакувана во 800 пакети сокриени во 37 кутии.
Присаништето во Калабрија веќе неколку години е под посебен надзор од италијанската царина и полиција, затоа што претставува една од главните точки на влезот на дрога во Европа.
