Големото срце на Осака: Наградата од турнирот ќе ја донира за Хаити

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јапонската тенисерка Наоми Осака одлучи да ги донира сите пари од наградата и турнирот во Синсинати во хуманитарни цели.

Таа беше погодена од тоа што се случува на Хаити, каде што над 300 луѓе загинаа како резултат на силниот земјотрес што ја погоди оваа земја.

„Страшно ме боли кога го гледам сето уништување што се случува на Хаити и чувствувам дека не можеме да направиме ништо. Треба да играм турнир оваа недела и ќе ги дадам сите пари од наградата за да му помогнам на Хаити. Знам дека крвта на нашите предци е силна и дека ќе продолжиме да се креваме“, вели Осака.

Таткото на Осака е роден во таа земја, па оттука и нејзината врска со Хаити.

Инаку, во земјотресот се проценува дека се повредени 1.800 луѓе.

Оваа трагедија се случува 11 години по земјотресот од седум степени по Рихтер, во кој загинаа речиси 250.000 луѓе.

Осака може да донира до четвртина милион долари доколку победи на турнирот, бидејќи наградата за победникот на Синсинати е 255 илјади долари. Поразениот финалист зема 189 илјади долари.