Горан Пандев го продолжи договорот, ќе игра во Џенова уште најмалку една сезона

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Горан Пандев денеска го продолжи договорот со Џенова, со што ќе игра во италијанската Серија „А“ уште најмалку една сезона.

Пандев за време на Европското првенство се прости од играњето во репрезентацијата, но не и од клупскиот фудбал во кој ќе го гледаме уште најмалку една сезона во дресот на „сино-црвените“.

Пандев во јули наполни 38 години, што значи дека ќе игра до полни 39, а потоа ќе одлучува што понатаму во животот. Тој е еден од играчите со најдолг стаж во Серија „А“ со преку 470 одиграни натпревари во најдобриот италијански шампионат.