Гостивар и Тетово донесоа одлука за забрана за пиење на водата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради обилните врнежи од дожд во полошкиот регион, Гостивар и Тетово денеска донесоа одлука за забрана за водата за пиење, поради нејзино заматување.

Гостиварската локална самоуправа денес информираше дека се воведува ЗАБРАНА ЗА ПИЕЊЕ НА ВОДАТА од градската водоводна мрежа.

„Поради обилниот дожд, дојде до заматување на водата во изворот на Вардар и следствено на тоа, водата од водоводот не смее да се користи за пиење.“, извести општината.

Поради обилните дождови, најверојатно, дојде до пробив во извориштата на Шар Планина. Последица на тоа е заматување на водата за пиење во градскиот водовод на Тетово.

Поради тоа, ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ, се препорачува да се користи флаширана вода, или да се преврива 10 минути, па потоа кога ќе се олади да се користи за пиење.Првичните резултати на испитувањата на водата се во рамките на нормалата, но сепак од Центарот за јавно здравје Тетово препорачуваат – водата да не се користи за пиење, се додека не се добијат конечните резултати.