ГП Богородица е блокиран, ГП Меџитлија отворен само за патнички возила, на ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од АМСМ соопштија каква е состојбата со трите гранични премини кон Грција, поради штрајк на грчките земјоделци.

„Од 11:00 ч. сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. Од 09 до 13 часот на  ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси. На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено“, изјавија од АМСМ.