Градинки кои се изградени но не се пуштени во употреба – во Арачиново, Чаир и Тетово објектите стојат затворени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако објектот е готов, децата не можат да одат во оваа градинка.

„Вратите на градинката во Арачиново се затворени и нема ниедно дете иако беше ветено неколку пати дека ќе биде отворена, но и натаму овој објект е надвор од функција“, порача репортерката на ТВ21.

Еден жител од Арачиново ни рече дека мора децата да ги носи во најблиските градинки во градот, правејќи дополнителни трошоци.

„Во моментов во град, со пари отидоа децата во град поради градинката. Да патуваш пеш, не сме во 17-18 век, не сме!“

Поради немањето градинка, многу деца остануваат дома без никаква социјализација.

„Никаде, децата ни остануваат така како што беа претходно. Тоа е“

Градоначалникот на општината, Ридван Ибрахими рече дека се соочува со бројни административни процедури кога станува збор за пуштањето на овој објект. Тој додаде дека неколку месеци веќе градинката е целосно завршена за настава каде почетно се очекува да се примат 115 деца.

Го прашавме и министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, кој ни одговори:


„Арачиново се третира на посебен начин и со приоритет, но во прашање се постапките. Службите се во директен контакт со општинските органи“, вели Фатмир Лимани.

Освен   Арачиново, и оваа градонка во Чаир се уште не е отворена, а пред објектот има градежен материјал и дрвени столчиња.

„Исто така и оваа градинка во Чаир за која е ветено дека ќе се отвори, надвор има градежни материјали што покажува дека таму се уште се работи“, вели репортерката на ТВ21.

Во врска со ова, Министерот, Фармир Лимани, рече дека во моментот кога ќе се исполнат законските услови, кои според него се пред комплетирање, ќе се пушти во употреба.

Инаку има уште една градинка во Тетово, која е спремна, но и таа не е отворена бидејќи нема вработени.