Градоначалник на италијански град ги ограничи автобусите поради масовен туризам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на популарниот италијански ски-центар Рокарасо, Франческо ди Донато, го ограничи бројот на автобуси кои се дозволени во градот на 100 за време на викендите, поради загриженоста за масовен туризам, објави денеска Гардијан.

Минатиот викенд, 260 автобуси со над 10.000 туристи од јужните италијански региони пристигнаа во Рокарасо, откако популарната инфлуенсерка на TikTok од Неапол, Рита де Крешенцо, објави слики и видеа од ски-центарот во Абруцо.

Ди Донато рече дека одморалиштето претходно било зафатено, но никогаш досега немало прилив на туристи како минатиот викенд.