Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ најави дека на државата ќе и ги врати доделените 30 милиони куни помош за земјотресот.
Како што пишува „Јутарњи“, тоа ќе го строи, затоа што, како што кажа: „државата не гледа во луѓето и во штетата, туку во политичката припадност“.
Думбовиќ истакна дека нема да ги земе 30 милиони евра кои од вкупно 100 милиони биле доделени на Петриња.
„Ако владата сака да му помогне на Петриња, нека прати помош директно, на темел на стручната проценка. Петриња има 24 илјади жители, Глина нема повеќе од 2000 со околните села 9000. Ако од 100 милиони куни, на Петриња даваш 30 милиони, а Глина 25 милиони, тогаш некој треба да ми објасни како се дели помошта ако не е политичка“, рече Думбовиќ.
