По триесет години се враќаат линиите на градскиот воз во Скопје. Државниот врв учествуваше на промоцијата на градската линија, при што за време на патувањето од Зелениково кон главната железничка станица ги платија билетите.
Интересот беше голем и кај жителите, кои го поздравија градскиот воз, кој ќе сообраќа во 4 термини. Некои велат дека ќе им заштеди време, а некои препорачуваат сега да се обноват и железниците.
„Кога ги запреа возовите, ние патувавме само со градски автобуси. Колку време ви требаше да патувате?
Со градски превоз повеќе од еден час, а сега со воз одиме за 20 минути.“
„Последниот ремонт беше направен во 1974 година, каде што учествував и јас! Кога беше новата железничка станица и првите шини ги работевме ние, сега треба да се подобрат. Доста беше со старудиите!“
И уште две линии се во процес, рече Синиша Ивановски, директор на „Железници Инфраструктура“, кој информираше дека една од преостанатите линии ќе се протега од Волково, преку Ѓорче Петров кон Скопје Север до железничката станица во Скопје, со должина од 18 километри.
„Од центарот до Зелениково има многу точки на запирање, како во Лисиче, Драчево, Јане Сандански, Решани и Зелениково. На истата оска имаме и 11 патни премини, затоа ги молам жителите да имаат максимална внимателност, почитувајќи ја сообраќајната сигнализација при преминувањето на железницата“, вели Синиша Ивановски.
Втората линија се очекува да ги поврзе Миладиновци, Илинден и Маџари со Железничката станица во Скопје, а нејзината должина ќе биде 20 километри. Овие две линии се очекува да бидат пуштени од почетокот на 2028 година“, рече министерот за транспорт Александар Николоски, кој вели дека Скопје ќе го претворат во метропола.
„Ова е почеток на реализацијата на една визија која треба да значи многу поефикасен јавен транспорт, поголема заштита на животната средина, намалување на загадувањето и поголема подвижност за жителите на Град Скопје и на сите општини кои гравитираат околу него.“, вели Александар Николоски.
Од Зелениково до Скопје имало бетонски прагови од 1959-1963 година. Состојбата на железницата била исклучително руинирана и поради тоа бавно се патувало. Ако старите возови се движеле со 20-40 км/ч, сега со реконструкциите новите ќе се движат до 80-100 км/ч.
