„Треба да имаш среќа да најдеш паркинг место на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, велат граѓаните, кои додаваат дека чекаат по половина час за да паркираат а понекогаш ги пропуштаат и термините“, вели репортерката на ТВ21.
Поради недостиг на простор за паркирање, некои граѓани чекаат во автомобил, додека роднините завршат на клиника. Таков е и овој случај.
„Проблем е, чекам веќе 20 минути, паркингот е многу тесен и има пациенти кои доаѓаат од други градови за терапија, нема многу простор“.
-Затоа вие чекате во кола?
„Чекам во кола во случај да дојде некој и да излезе од паркинг, затоа седам бидејќи во спротивно ќе ја блокирам цела улица“.
Кога ја презеде функцијата министер за здравство, едно од главните ветувања на Фатмир Меџити беше средување на хаосот во дворот на Клинички, но како што се гледа гужвата и чекањата продолжуваат. На прашање од ТВ21, Меџити вели дека утре се очекува да помине во Влада информацијата за изградба на две катни гаражи.
„Станува збор за две гаражи, едната кај стара гинекологија, кај главниот влез и другата некаде кај хелиодромот. Точниот број не го знам, да кажам колку места бидејќи физибилити студијата имаше неколку пропусти, елиминирани се дефектите, утре ќе ги имам документите и ќе знам точно за колку паркинг места станува збор. Доколку помине информацијата во влада за колку време потоа ќе се изгради? Треба да ги почитуваме сите законски процедури но мислам дека ќе биде за кратко време, брзо ќе заврши бидејќи е монтажна, а не цврста градба“, вели Меџити.
Меџити исто ако и неговите претходници е за идејата за нов универзитетски клинички центар. Освен тоа, додава дека предвидена е изградба на неколку дополнителни центри во другите градови кои ќе бидат поврзани со главниот клинички центар во Скопје. Според него, ова би ги решило сите проблеми на здравствениот систем во земјава, но не се знае кога ќе започне и кога би завршило тоа.
