Граѓаните и фирмите „чуваат“ над милијарда евра во НЛБ Банка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вкупните депозити на НЛБ Банка (депозити на комитенти и на банки) заклучно со крајот на минатата година изнесуваат 72,8 милијарди денари или околу 1,1 милијарда евра и во однос на 31.12.2018 година се зголемени за 6 милијарди денари или околу 98 милиони евра односно за 9%, соопшти банката преку Македонската берза.

Оттаму информираат дека во однос на планот за периодот вкупните депозити  се повисоки за 9,4%.

Од друга страна вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 54,6 милијарди денари или околу 889 милиони евра и бележат зголемување од 6,3% во однос на 31.12.2018.

„Во однос на планот вкупните кредити се пониски за 3,2%, и тоа поради понискaтa реaлизација во делот на кредити на правни и физички лица“, соопшти банката.

Извор: Emagazin.mk