Граѓаните ја чувствуваат економската криза – Печалбар: Цената на нафтата во Македонија како во Данска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе неколку недели се зборува за енормното зголемување на цената на основните производи и горивата. ТВ21 излезе на плоштад Македонија за да ги праша граѓаните како се соочуваат со кризата.

На плоштад сретнавме еден печалбар кој дошол од Данска. Вели дека цената на нафтата во Македонија е речиси иста како во Данска.

„Всушност, овде е многу скапо за разлика од Данска. Кога ги споредуваме платите, овде се 300, 400 евра, а во Данска 2000 или 3000 евра, а овде цените се многу повисоки“.

Сретнавме и посетителка од Косово, која ни рече дела таму цените се многу повисоки  во однос наМакедонија.

„Само цената на нафтата не изгледа толку скапо колку што очекувавме. Се уште не влеговме во маркетите“.

За разлика од нив, нашите граѓани велат дека ја чувствуваат кризата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ е главниот виновник за кризата со која се соочуваат македонските граѓани.

Од СДСМ велат дека граѓаните почнале да ги чувствуваат резултатите од анти кризните мерките.

Вчера министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека од утре се очекува да се намали цената на основните производи врз основа на намалувањето на ДДВ-то од 5 во 0 отсто.