Граѓаните мака мачат со извршителите – Омбдусманот со иницијатива: Каматата да не може да го надмине главниот долг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните до народниот правобранител најмногу се жалат дека мака мачат со извршителите. Поради тоа омбдусманот Насер Зибери покрена иницијатива со која ќе бара законски измени со кои каматата нема да може да биде поголема од главниот долг.

Потребата од измени Народниот правобранител ја илустрираше со неколку примери во кои на граѓаните им се наплатува долг од една третина или една петтина од платите или пензии.

Иницијативата е доставена до Владата, додека Зибери очекува извршната власт и пратениците сериозно да го разгледаат барањето.