Секој граѓанин кој скенира фискални сметки од апликацијата Мој ДДВ може да ги донира парите во Фондот против Ковид-19. Економистот Рахметула Ферати вели дека Владата им ги бара на граѓаните кои едвај чекаат да добијат прилив од некаде особено во ова време на криза предизвикана од пандемијата Ковид-19. Тој вели дека граѓаните цело време скенираат фискални сметки и за 3 месеци добиваат максимум 1800 денари и смешно е од граѓаните да се очекува да ги вратат тие пари добиени од скенирањето.
„Тоа е симболична и смешна мерка да кажеме. Меѓутоа 1800 денари за еден член од семејство за три месеци или годишно за 4 член семејство, 28 илјади денари е добар проект. Меѓутоа оваа мерка е погрешна. Наместо државата да ги скрати капиталните инвестиции како што направија другите земји, во РСМ се случи ребаланс на буџетот и се скратија околу 3% од Бруто домашниот производ што е многу малку во споредба со приходите“, изјави Рахметула Ферати – економист.
До сега 2845 граѓани ги донирале нивните пари во фондот против Ковид-19. Од почетокот на годината до април, над 282 граѓани скенирале скоро 50 милиони сметки, постигнувајќи поврат на ДДВ од 5.6 милиони евра.
„Многу граѓани реагираа самоиницијативно дека сакаат да го донираат својот поврат. Се соочивме со реакции дека ова е задолжителна опција и дека секој кој скенира ќе треба да донира. Затоа уште еднаш потенцираме дека оваа опција може да ја користат само оние кои се заинтерсирани за донација, а не сите корисници на апликацијата. Полето за донации е изборно а не задолжително“, велат од УЈП.
Колку реално овие средстваа може да помогнат во Фондот против Ковид 19 на ставот сме дека секои средства без разлика на нивната висина се добредојдени во ова време.
И дневните награди од Мој ДДВ ќе се намалат за 500 денари. Додека месечните награди од 100 илјади денари ќе се укинат за мај и јуни, и тие ќе се делат по месец јули. Со овие кратења на наградите фондот е намален за 70 илјади евра.
