Граѓаните на Косово денеска излегуваат на гласање на парламентарни избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Косово се одржуваат парламентарни избори, а избирачките места се отворени во седум часот.

Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), бројот на граѓани со право на глас на избирачките места, од 2 милиони 47 илјади 295 граѓани, во Република Косово изнесува 1 милион 970 илјади 944 гласачи, додека бројот на граѓани кои се пријавени за гласање надвор од Косово е 104 илјади 924.

Од 1,6 милиони жители од последниот попис на населението, бројот на граѓани над 18 години, врз основа на податоците на Агенцијата за статистика на Косово, во Косово изнесува 1 милион 179 илјади 73. Тоа значи дека 868.224 граѓани со право на глас престојуваат во странство.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти со 1.280 кандидати, кои ќе се борат за 120 пратенички места.

Изборниот процес ќе се одвива во 941 избирачки центар, каде за редовно гласање се отворени 2.533 избирачки места, додека за условно гласање се определени 38 центри со вкупно 56 избирачки места.