Граѓаните не носат маски, Филипче ќе достави предлог до Владата веднаш да се изрекуваат казни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем број граѓани не ги почитуваат мерките за носење заштитна опрема како  маски и ракавици. Затоа министерот за здравство Венко Филипче бара од Владата од утре сите граѓани кои не носат заштитна опрема да бидат казнети.

Министерот Филипче им порача на граѓаните дека доколку не ги почитуваат мерките и препораките за физичко растојание и носење заштитни маски, 1 мај ќе го пречекаат дома со полициски час.

Инаку 500 лица се излекувале од коронавирус, од нив 125 само денеска. Инаку се регистрирани 19 нови случаи со Ковид-19 од вкупно 335 тестирани. Вкупниот број на заразени во земјава изнесува 1386.

Во меѓувреме во болницата “8 Септември“ починале 2 лица, една е 49 годишна пациентка од Липково.  Пациентката била примена во болница на 3 април со тешкотии во дишењето, и еден 73 годишен пациент од Скопје кој бил хоспитализиран на 19 април во тешка здравствена состојба.