Граѓаните се жалат за високите цени, повеќето не можат да купат доволно храна за празниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Предпразнично гужви на пазарите и маркетите. Рафтовите и тезгите полни, но се чини дека џебовите се се попразни. Секој сака празничната трпеза да биде богата, но едно се желбите, а друго можностите.

На пазар сретнавме граѓани кои излегоа да ги купат потребните намирници за претстојните празници Бадник и Божик.

Велат дека цените се високи и дека претходните години празничната трпеза била побогата.

Инаку Комисијата за заштита од конкуренција позната како Анти монопол, од 1 јануари оваа година со пријави ќе може да ги контролира договорите меѓу произведувачите, снабдувачите и трговците за да откријат дали има нерегуларности според законот за спречување нефер трговски практики.

Токму со овој закон и контролите, властите се надеваат дека во наредниот период ќе има намалување на цените на производите.