Граѓаните треба да ги добијат парите за последните три месеци од „Мој ДДВ“ до 30 ноември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните кои ги скенирале фискалните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во периодот од јули до септември 2026 година, наскоро треба да добијат поврат на дел од платениот ДДВ.

Според утврдените рокови, исплатата за третото тримесечје треба да се реализира до 30 ноември, но Управата за јавни приходи сè уште не го објавила точниот датум на префрлање на парите.

Максималниот износ што може да го добие еден граѓанин изнесува 2.100 денари по тримесечје. За домашните производи и услуги се враќаат 20% од ДДВ-то, додека за останатите 10%.

На граѓаните им се препорачува да ги проверат податоците за банкарската сметка во апликацијата, со цел да избегнат доцнење на исплатата.