Не стивнуваат реакциите во јавноста за покачувањето на платите на функционерите за дури 78 проценти. Разочарување и револт изразуваат и граѓаните кои ТВ21 ги праша што мислат тие за ваквото зголемување на функционерските плати.
„Катастрофа…без никакво чувство, без никаков сенс за сите луѓе, како мене и другите. Жално, само што не гледам ни излез. Мислите дека ова немаше да се случи да е некој друг на власт? Истото ќе се случеше. Катастрофа“.
„Тоа е катастрофа…. не знам што да кажам, многу сум разочарана во се. Немам зборови да ви кажам. Само треба тие да живеат, за народот никој ништо не мисли“.
Дел од граѓаните пак со иронија го искажуваат својот револт незадоволство.
„Топ… што да мислам, алал да им е…. секоја чест“
„Дупло треба да ги зголемат“.
-Но, дупло сега се зголемени“
„Ако, уште два пати дупло, многу работат луѓето и мора да им се зголемат платите…. Два пати дупло“.
Економистите предупредуваат дека со оглед на состојбата во стопанството, јавниот сектор и вкупно во економијата, ова ќе влијае демотивирачки а ќе предизвика и уште поголемо заминување на младите од земјава. Деновиве економскиот аналитичар Висар Адеми во изјава за ТВ21 рече дека поради зголемените плати на функционерите можно е да се случуваат и протести преку кои ќе се бара покачување и на нивните плати.
„Јас верувам дека оние сектори за кои не важи покачувањето, ќе си заминат, а тоа се младите. Вообичаено покачувањето на платите било во јавниот или приватниот сектор е поврзано со продуктивноста на вработените. Сега единствената продуктивност кај нас е намалување на корупцијата. Во една држава која е оптоварена со јавен долг и надминува 45% о БДП, верувам дека секое покачување уште толку ќе ја отежни власта“, вели Висар Адеми.
Претседателот на државата Стево Пендаровски побара Владата да направи се што е во нејзина моќ да ги врати платите на функционерите вклучувајќи ја и неговата, на претходното ниво. Премиерот Ковачевски рее дека коефициентите нема да се менуваат туку размислувањето оди во насока за донесување нов закон за плати. Сепак дотогаш функционерите ќе земаат повисоки плати за цели 78 проценти.
