Граната од Втора светска војна пронајдена во центарот на Куманово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На  16.04.2024 во 13.06 часот во СВР Куманово,  Г.К.(61) од Куманово пријавил дека во стар помошен објект на улица „Ленинова“ во Куманово пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за топовска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово.