Грчката крајбрежна стража спаси 82 мигранти од брод без екипаж

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчката крајбрежна стража објави дека утрово се спроведени две успешни операции за лоцирање и спасување на мигранти во близина на островот Гавдос, објавија грчките медиуми.

Според извештаите, 38 мигранти прво биле спасени од брод кој пловел без екипаж во морска област 22 наутички милји јужно од Гавдос, во близина на Крит.

Спасувањето го извршил близок брод под данско знаме, по сигнал од Грчката поморска служба за спасување, објавува „Катимерини“.