Грчките власти ги предупредуваат туристите поради зачестените бури

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наглите промени на времето во Грција, ги натераа властите да издадат предупредувања за туристите на неколку места. Регионот Тесалија беше погоден од дожд, град и силен ветер синоќа.

Гром предизвика пожар во близина на Александрополис, каде гори во близина на населено место. Пожарникарите велат дека успеале да го сменат правецот на пожарот, и нема опасност за населението.

Бранот временски промени продолжува и во следните денови. Ќе бидат погодени делови од Халкидики. На места врне дожд, а се очекува и силен град. Екстремно невреме се очекува и на Пелопонез.