Грција денеска без траекти, 24-часовен штрајк во бродскиот сообраќај поради убиството на атинското пристаниште

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Траектите во цела Грција денеска ќе останат закотвени на пристаништата поради 24-часовниот штрајк организиран од Грчката поморска федерација поради убиството на 36-годишниот маж, кој минатата недела трагично го загуби животот откако беше турнат од член на екипажот додека се качуваше на бродот за Крит.

Од федерацијата, штрајкот го закажаа минатата седмица, започна денеска една минута по полноќ и ќе трае во текот на целиот ден, а по трагичниот случај велат дека за жал, уште еднаш беше констатирано дека „несоодветната имплементација на законите и регулативите кои се однесуваат на безбедноста на поморскиот превоз и на пристаништата може навистина да доведе до катастрофални резултати“.

Додаваат дека државата мора и треба веднаш и без одлагање да ги преземе сите неопходни мерки со цел заштита на човечкиот живот на море.