Грција и Македонија се обединуваат – нова технологија во борба против пожарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Македонија и Грција ќе соработуваат во борбата со пожарите. Проектот се состои од нова технологија која овозможува рано откривање на информации за пожари кои ќе се појават, велат од ЦУК. Во такви случаи релевантните институции од двете држави ќе реагираат навреме и ќе се вклучат во гаснење на пожарите.

„Ова значи дека во меѓуграничните зони ќе имаме поставено такви системи, апарати кои ќе сигнализираат, ќе даваат информации за пожар или чад, ќе ни даваат информации од која страна се шири и од која страна може да пробие“, вели Екрем Зендели.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, секој момент од борбата со пожарите е важен.

ЦУК објави проект “Рано откривање на пожари, нивно спречување и менаџирање на несреќи“. Инаку ова е ИПА проект поддржан од ЕУ, а го реализира тим на ЦУК.