Грција повторно не доби претседател, ниту еден од кандидатите нема мнозинство и по второто гласање во Парламентот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И второто гласаање за претседател во Грција беше неуспешно, откако денеска во парламентот во Атина ниту еден од кандидатите немаше мнозинство за да застане на чело на државата.

Гласањето е јавно со прозивање на секој од пратениците, кои имаат две опции: да одберат еден од кандидатите, или да гласаат воздржано.

Четворицата кандидат добија идентичен број како и при првото гласање, а единствено се зголеми бројот на воздржани. На првото гласаање беа 49, а сега 52.

Константинос Тасулас, кој до неодамна беше претседател на Парламентот, како предлог од владејачката Нова демократија и денеска доби 160 гласа.

За поранешната пратеничка и министерка од ПАСОК Лука Кацели предлог од СИРИЗА повторно гласаа 40 пратеници.

Поранешниот министер и професор Тасос Јаницис предложен од ПАСОК, доби 34 гласа исто како и при првото гласање.  За писателот Костас Кирјаку предлог на партијата Победа гласаа и денеска 14 пратеници.