Грција со нови мерки на граница, забрзување на контролите и намалување на чекањата на Евзони и Кипи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчките власти најавија нови мерки за забрзување на контролите и намалување на чекањата на граничните премини Евзони и Кипи, по воведувањето на новиот европски систем ЕЕС. Одлуката била донесена на работна средба во Солун, свикана од заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Констандинос Гулекас, на која присуствувале претставници на институции, безбедносните служби и локалните власти.

Според Гулекас, приливот на туристи и трговски транспорт кон Грција постојано се зголемува, додека задолжителната контрола на биометриските податоци за секое лице што влегува или излегува од земјата предизвикува дополнителни доцнења при полициските контроли.

Во меѓувреме, грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, изјави дека Грција е обврзана да го спроведува европското законодавство, додавајќи дека за системот ЕЕС добил поплаки и од Северна Македонија и од Србија.