„Секогаш кога сме имале докази и аргументи дека е прекршен етичкиот кодекс, сме постапиле без разлика на кој станува збор“, рече вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.
За ситуацијата со користење на службени возила за партиски цели, Грковска кажа дека има само две опомени против Артан Груби.
„За опомените за користење на службените возила, освен во еден случај, видлива е промената дека се внимава, уште повеќе што во нашиот Кабинет се јавуваат функционери за да се консултираат, дали доколку постапат некако и тие би го прекршиле етичкиот кодекс. Само за случајот со Артан Груби, сме дошле до ситуација, заради две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, да испратиме допис до премиерот, кој што треба да одлучи која е мерката што ќе ја изрече“, рече Грковска.
