Груби: Како ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за Села по 27 април? – Според ВМРО-ДПМНЕ, Груби лошо глуми портпарол на СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса Алтернатива е несвојствена и таа како што ја нарекуваат на социјалните мрежи е Коалиција 27. Ова го изјави вицепремиерот Артан Груби на прашањето каква кампања очекува од опозицијата на претстојните локални избори. Според него станува збор за една несвојствена коалиција алудирајќи на настаните во Собранието на 27 април.

„Едвај чекам да го видам денот кога сите гласачи на Алијансата со цело свое срце со цел тој ентузијазам со цела таа љубов ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и Христијан Мицкоски и обратно. Сите тие патриоти на ВМРО-ДПМНЕ, сите тие што влегоа на 27 април во Собранието, сите тие што го поддржуваат Скопје 2014 ќе гласаат со големо убедување со цело срце за Зијадин Села и Алијансата. Едвај чекам да го видам 17 октомври“, истакна Артан Груби.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение му врати. Во СДСМ и ДУИ има страв од окрупнувањето на опозицијата и притоа го потсетуваат Груби дека до претходно тој бил многу близок со ВМРО-ДПМНЕ но и дека тој бил познат по неговите чести трансформации.

„Ги паметиме со насмевка деновиве кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување. Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратениците кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Најдобар портпарол во моментов на СДСМ е Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реагираа и од Алијанса Алтернатива од каде упатија прашање до Заев – каде нашле логика во поддршка на кандидатите за градоначалници на ДУИ.

„Го известуваме Зоран Заев дека не сме ДУИ и не може да ги диригира нашите политичка дејства или кандидатури или соработки.  Во вашите постапки и изјави има само една логика, криминал, корупција и чување на фотелјите за да избегате од правдата“, посочуваат од Алијанса/Алтернатива.

Инаку, утре Демократската унија за интеграција на Централното претседателство кое ќе се одржи во Гостивар претседателот на партијата Али Ахмети ќе претстави 18 кандидати за градоначалници.