Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков обвини дека првиот вицепремиер Артан Груби му префрлал пари на фирмата ЕТЦ Травел сопственост на неговиот брат Ветон Груби, за што на собраниската говорница покажуваше документ преземен од Отворени финансии. Иако Лефков побарал на седницата да присуствува јавниот обвинител за да му го постави нему ова прашање, тој не дојде, па затоа прашањето и го постави на вицепремиерката за добри практики Славица Грковска дали била запознаена за овој случај на судир на интереси.
„Од Владата на Република Македонија поточно директно од министерството со кое што раководи Артан Груби оној кој што се потпишува како прв вицепремиер се префрлани парични средства директно на неговиот брат Ветон Груби. Од изводите на Јавни финансии јасно се гледа текот на средства како од Владата завршуваат во фирмата ЕТЦ Травел сопственост на братот на Артан Груби или првиот вицепремиер.“, вели Лефков.
Но наместо Грковска на говорницата излезе токму Груби. Вели дека сето што е изнесено против него побарал извинување, но бидејќи не добил рече дека веќе има поднесено тужба за клевета.
„Поднесов веќе тужба, да се видиме на суд за сето тоа што го зборува за сето тоа што го клевети. Ќе се видиме ќе си ги соочиме фактите вклучително и за ова што го зборува. Тоа веќе го објаснив на јавноста во едно интервју ако сакате ќе ви го објаснам и вас, значи истото што го има добивано сите фирми во државата за време на пандемијата беа субвенции од страна на буџетот на државата, за сите компании за времето кога не работеа нели ги субвенционираа.“, вели Груби.
Лефков на денешните пратенички прашања побара да се отвори истрага за надзорот на изградбите на Коридорите 8 и 10Д вреден 22 милиони евра. На што премиерот Ковачевски одговори дека договорот за надзор е склучен по сите процедури и законски регулативи и проектот треба да продолжи и да биде изграден во рокот кој што е предвиден.
