Уште 10 дена има првиот вицепремиер Артан Груби да одговори на прашањата на неговиот сопартиец, пратеникот Изет Меџити поставени на седницата за пратенички прашања.
Член 42 од Собранискиот деловник, предвидува дека доколку еден член на Владата нема можност усно да одговори на седница, обврзан е во рок од 20 дена тоа да го стори писмено.
Но првиот вицепремиер сѐ уште не направил такво нешто.
Неофицијално ТВ21 од извори во Собрание дознава дека сѐ уште нема стигнато одговор од Груби за прашањата на Меџити.
Прашавме и во кабинетот на вицепремиерот, од каде не кажаа како ќе постапат во однос на одговорот, а единствено нешто што кажаа е дека Груби во понеделник ќе гостува во емисијата Клик Плус на ТВ21 каде ќе говори за тоа.
На крајот на декември, координаторот на парламентарната група на ДУИ, Изет Меџити му постави неколку прашања на вицепремиерот кој исто така доаѓа од редовите на Интегративците.
Прашањата кои беа покренати се за индустриската зона во Визбегово, за соодветната застапеност во приватните компании и реализација на ветувањата дадени од ДУИ.
„Ние како пратеници од мнозинството, сносиме одговорност за работата на оваа Влада. Ние гласавме за оваа Влада и заедно со вас ќе излеземе пред граѓанинот. Не е добро што ниту едно од овие ветувања не е реализирано во првите 100 дена. Мислам дека треба да размислиме и ветувањата што ги даваме да ги реализираме за да излеземе со чист образ пред нашиот граѓанин“, истакна Изет Меџити.
Деловниот на Собранието предвидува писмениот одговор на членот на Владата да се достави до собранискиот спикер, кој веднаш го упатува до подносителот на барањата и до сите пратеници.
Незадоволствата во редовите на интегративците почнаа по формирањето на новата Владата, а Меџити велеше дека „ќе гласа за Владата со лични забелешки кон дел од извршната власт“.
Два и пол месеци подоцна се зборуваше и за интерпелацијата која Меџети ќе ја покрене против неговите сопартијци од извршната власт, но досега, иако поминаа 100 дена од Владата, вакво нешто сѐ уште не се случи.
