Гургуница може да стане туристичко место! – граѓаните разочарани, самоиницијативно ја почнаа изградбата на патот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

37 километри југоисточно од Тетово, се наоѓа селото Гургуница. Доколку се качите на врвот на Сува планина, од таму може да се види полошкото поле, а од горе се гледа и езерото Козјак, или познат како езерото Матка. Ова езеро се наоѓа само 6 километри од селото. Жителите на село Гургуница, прават напори да го претворат нивното село во туристичко место. Самоиницијативно сакат да го санираат патот, со цел да привлекуваат повеќе туристи.

„Ние го отвораме бидејќи има потреба и Тетово но и Скопје, бидејќи е туристичко место и нема потреба од многу финансии. Патот е долг 7 км, но имаме потреба од помош. Не можеме да чекаме општината да дојде на секои четири години и пак да не биде. Само велат дека ќе биде и нема ништо од нив. Ние како Здружение на селото од Германија, некој 10, некој 100 евра, ќе собираме пари“, истакна Самет Касами.

На брегот на вештачкото езеро сретнавме и туристи, тие велат дека да беше добар патот, ова место би било познато туристичко место.

„Јас сум од Брвеница, дојдовме овде да шетаме, но тешко е бидејќи нема пат. Како и секоја туристичка дестинација и тука е потребна мала инвестиција. Општината треба да го презема ова и да го санира патот. Мислам дека не е потребна голема инвестиција. Никој не бара автопат, само да може да се помине, јас ја поздравувам оваа иницијатива на селаните и општината треба да го поддржи ова“, вели турист.

Го прашавме и Градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити, дали имаат конкретен проект. Тој вели дека слушнал за иницијативата, но според него приоритет во ова село има водоводот и проширувањето на патот, но ништо од тоа досега не е направено.

„За развој на планинскиот туризам, единственото место е Езерото Матка, или Козјак, но ние сите се водиме од приоритетите, бидејќи имаше други приоритети, а тоа беше училиштето кое го завршивме и потоа јас имав средба со жителите и јас им кажав да одредат приоритет, патот или вода за пиење, и се договоривме за водата за пиење, бидејќи тоа не им е регулирано и јас преземав иницијатива заедно со селаните, но по сето тоа и тоа не успеа бидејќи не можат да се договорат меѓусебно“, додава Ејуп Пајазити.

Ветувањата за отворањето на овој пат беа дел од скоро секоја изборна кампања на ДУИ. Си заминавме од ова место со надеж дека еден ден ќе стане туристичка атракција, како што сакаат жителите. Тие се плашат дека еден ден ова село ќе остане без жители.