Гужва на пазарот во Тетово, граѓаните исплашени од оние кои не ги почитуваат мерките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека бројот на заразени драстично расте,пазарите во Тетово и натаму преполни. Може да се видат многу граѓани кои не држат дистанца, некои носат маска колку да се рече, а некои воопшто не носат . Анкетираните, некои продавачи, други граѓани, велат дека мораат да отидат на пазар но додаваат дека ги плаши непочитувањето на мерките од страна на некои лица кои се неодговорни.

-Гледате пред банките што се случува, јас и ти носиме маски, но во дуќаните има многу гужва, таму е опасно.

Дали се чувствувате загрозени?

-Не, јас секое утре доручкувам јајца и мед. Имам 72 години, но има лица кои се чувствуваат загрозени.

-Ја носам од страв, некој не носи , но добро е да носиш маска, опасно е, од каде да знам каква болест има. Ова не е војна, полошо е од тоа, во војна има пушки а Ковид е полошо од војна.

-Јас се чувствувам загрозен, сите треба да носиме маски. Законите треба да се почитуваат, но можностите се проблем. Една маска е 50 денари, поевтини нема во аптеките.

Вие зошто не носите маска? Немате за да купите?

-Да, да.

Пред банките има многу граѓани кои чекаат ред. Не сакаа да се произнесат бидејќи како што велат, се уморни изразувајќи го својот револт. Од СВР Тетово до сега изрекле околу 13 илјади санкции за лица кои не ги почитуваат заштитните мерки, а Град Тетово како што велат од ИЈЗ, и натаму е еден од градовите каде се зголемува бројот на заразени а само во текот на вчерашниот ден се пријавени 64 заразени лица а во една недела, над 205 граѓани.