Хамас одговори на заканите на Трамп дека Газа ја чека „пекол“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се заканува на Газа со „пекол“ доколку заложниците не бидат ослободени до сабота се „безвредни и само ги комплицираат работите“, изјави лидер на Хамас.

„Трамп мора да запомни дека постои договор што двете страни (Израел и Хамас) мора да го почитуваат и дека тоа е единствениот начин затворениците да се вратат“, рече Сами Абу Зухри, лидер на палестинското исламистичко движење.

„Заканувачкиот јазик е безвреден и само ги комплицира работите“, додаде тој.

Кревкиот прекин на огнот посредуван од Катар со помош на САД и Египет стапи на сила на 19 јануари меѓу Израел и Хамас по повеќе од 15 месеци војна што го опустоши Појасот Газа.

Прекинот на огнот досега резултираше со ослободување на 16 израелски заложници, киднапирани на 7 октомври 2023 година, за време на нападот на Хамас што ги предизвика непријателствата, во замена за околу 700 Палестинци држени од Израел. Ослободени се и пет тајландски заложници.